| контакт | маркетинг
ТЕНИС

11.12.2016

Сламерс по вторпат со ИПТЛ круната

Сингапур Сламерс ги „уништија“ Индијан Ејсис со 30:14 во Хајдерабад, Индија за да ја вратат титулата од Интернационалната тениска премиерлига (ИПТЛ)

Поранешниот светски број 1, Карлос Моја беше спектакуларен во победата над Марк Филипусис со 6:4 за добивање на предност, по што Кики Бертенс ги победи Кирстен Флипкенс и Санија Мирза со 6:3 во женскиот сингл меч. Мирза ја замени Флипенс во средината на нечот.
Марчело Мело и Бертенс потоа со 6:1 доминираа над Мирза и Роан Бопана, по што Мело и Ник Кирјиос со 6:2 ги победија Фелисијано Лопез и Иван Додиг за да го направат последниот сингл меч беспотребен. Маркос Багдатис во тој меч со 6:4 го победи Фелисијано Лопез.
Ова е трета година да се игра „премиерлигата“ во тенисот, со мечеви во еден сет низ неколку градови во Азија, но оваа година поради финансиските проблеми на индиските организатори отсуствуваа големите имиња.



Датум: 11.12.2016, 16:42
Статијата е прочитана 809 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
26.06.2017
26.06.2017
26.06.2017
26.06.2017
26.06.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense