| контакт | маркетинг
ТЕНИС

15.02.2015

Вавринка пак подобар од Бердих

Стен Вавринка стигна до својата прва индорс титула, откако го победи актуелниот шампион Томаш Бердих со 4:6/6:3/6:4 на АБН-АМРО Ворлд Тенис турнирот во Ротердам

Швајцарецот го доби маратонскиот дуел на двајцата топ 10 тенисери и покрај тоа што го загуби првиот сет, што не му пречеше да дојде до шеста победа во низа над Чехот.
Уморниот Бердих спаси една меч-топка на 3:5 во одлучувачкиот сет, но Вавринка еден гем подоцна го заклучи мечот со одличен сервис.
Ова е втор трофеј за Швајцарецот по победата во Ченаи, Индија во јануари, но тој не успеа да ја одбрани титулата од Австралискиот опен, каде што загуби во полуфиналето.



Датум: 15.02.2015, 18:20
Статијата е прочитана 1087 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense