| контакт | маркетинг
ТЕНИС

17.10.2016

Мареј блиску до бројот 1

Енди Мареј во неделата го совлада Роберто Баутиста Агут во два сета за да го освои Мастерс турнирот во Шангај и уште поважно се доближи до Новак Ѓоковиќ на врвот на АТП-листата

Британецот двапати имаше нестабилна игра при финишот на сетовите, но на крајот стигна до 7:6(1)/6:1 победа над Шпанецот, кој го играше првото Мастерс 1000 финале откако во саботата го шокираше Ѓоковиќ.
Ова е шеста титула во 2016 за 29-годишниот Шкотланѓанец, кој сега има 915 поени зад Ѓоковиќ на АТП-листата и ги зголемува шансите да биде светски број 1 на крајот на годината. Ако сака да го преземе првото место пред АТП-финаето во Лондон, Мареј ќе треба да победи на Виена опен и на Мастерсот во Париз и да се надева дека Ѓоковиќ нема да стигне до финалето во Париз.
„Мојата цел не беше да бидам број 1 на крајот на годината. 980 поени или нешто така, не звучи многу бидејќи добиваш 1000 поени за Мастерс, но за тоа да се случи Новак треба се да загуби. Затоа реалната цел е на почетокот на 2017“, додава Мареј.



Датум: 17.10.2016, 17:36
Статијата е прочитана 715 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.06.2017
25.06.2017
25.06.2017
25.06.2017
25.06.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense