| контакт | маркетинг
АВТО-МОТО

04.02.2015

Шампионот со брз старт на 2015

Актуелниот Мото ГП шампион, Марк Маркез го постави најдоброто време на првиот зимски тест оваа година во Сепанг, Малезија

Фабричкиот мотоциклист на Хонда скокна на првото место во последните 10 минути од шестчасовната сесија, со најдобро време од 2:00.262, за да биде побрз од ветеранот на Јамаха, Валентино Роси за 0.118 секунди. Италијанецот беше најбрз во поголемиот дел од сесијата, додека втората Јамаха на Хорхе Лоренцо беше трета со 0.259 секунди послабо време.
Андреа Довициозо беше четврт најбрз со Дукати, кои го користеа минатогодишниот мотоцикл, бидејќи новиот ГП15 се уште не е подготвен. По него следуваше Дани Педроза, кој во финишот на сесијата имаше излетување, пред Пол Еспархаро, Андреа Јаноне и Штефан Брадл.
Сузуки во камбекот во Мото ГП беше на 14. место со Алекс Еспархаро, додека Алваро Баутиста во фабричката Априлија беше 15.



Датум: 04.02.2015, 14:49
Статијата е прочитана 1176 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.08.2017
19.08.2017
19.08.2017
19.08.2017
19.08.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense