| контакт | маркетинг
АВТО-МОТО

04.09.2016

Вињалес победи по страшниот судир во Силверстоун

Шпанецот Маверик Вињалес ја донесе првата победа за Сузуки по речиси цела деценија, откако по драматичниот судир во првиот круг во Силверстоун, остана смирен и донесе голема победа за својот тим

Вињалес на крајот беше побрз од победникот од Чешкото ГП, Кал Крачлоу, додека Валентино Роси беше најбрз од фаворитите со третото место, најдобро снаоѓајќи се на патеката која беше влажна по дождот.
Ова е прва победа за Вињалес во најдобрата класа и прва за Сузуки од таа на Крис Вермејлен во Ле Ман на дожд во 2007 година. На суво, последен пат Сузуки победи со Сете Гибернау во Валенсија во 2001 година.
„Конечно, навистина добра трка за мене и за Сузуки. Знаев дека можам да победам, бидејќи Силверстоун некако е мојата патека. Сонот конечно се оствари“, изјави Вињалес, кој следната година ќе биде партнер на Роси во тимот на Јамаха.
Трката започна хаотично, со неверојатен судир на Пол Еспархаро и Лорис Баз.

БРИТАНСКО ГП (МОТО ГП)
1.Маверик Вињалес (Шпа) - Сузуки Екстар 39:03.559
2.Кал Крачлоу (Бри) - ЛЦР Хонда +3.480
3.Валентино Роси (Ита) - Мовистар Јамаха +4.063
4.Марк Маркез (Шпа) - Репсол Хонда +5.992
5.Андреа Довициозо (Ита) - Сузуки Екстар +16.672

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
1.Марк Маркез (Шпа) - Репсол Хонда 210
2.Валентино Роси (Ита) - Мовистар Јамаха 160
3.Хорхе Лоренцо (Шпа) - Мовистар Јамаха 146
4.Маверик Вињалес (Шпа) - Сузуки Екстар 125
5.Дани Педроза (Шпа) - Репсол Хонда 120



Датум: 04.09.2016, 18:22
Статијата е прочитана 755 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
29.03.2017
29.03.2017
29.03.2017
29.03.2017
29.03.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense