| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.03.2016

ПАНДЕВ: Збор си е збор, се гледаме во Копер

Најдобриот македонски фудбалер за „Македонски спорт“ го потврди своето враќање во националниот тим.


Македонскиот национален тим во овој месец го очекуваат два пријателски натпревари, со Словенија и со Бугарија. Во центарот на вниманието во нашата репрезентација е „кам-бекот“ на најдобриот играч во последните 15 години Горан Пандев, којшто го најави своето враќање, и сега за „Македонски спорт“ го потврди.
„Да, да доаѓам. Дадов збор и се гледаме во Копер. Реков дека ќе се вратам, и ќе го сторам тоа. Се надевам на подобри резултати на репрезентацијата. Сега треба сите да се мобилизираме за доброто на националниот тим“, истакна Пандев за „Македонски спорт“, којшто на среќа на сите љубители на националната селекција ќе се врати во дресот на Македонија по пауза од еден квалификациски циклус кога кажа крај по завршувањето на кампањата за пласман на СП 2014 година.
Горан Пандев ѝ е потребен на селекцијата, потребен е да придонесе со неговото искуство да се преброди оваа криза која го има зафатено националниот тим која се наоѓа на длабокото 138. место на ФИФА листата.

*Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“ (превземањето на изјавата и текстот без наше одобрение е строго забрането).



Датум: 09.03.2016, 10:11
Статијата е прочитана 3207 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2017
22.02.2017
22.02.2017
21.02.2017
21.02.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense