| контакт | маркетинг
АВТО-МОТО

20.09.2016

Шуми не може ниту да стане, ниту да оди

Семејството на Михаел Шумахер мораше да го прекине молкот околу неговата здравствена состојба, потврдувајќи дека седумкратниот Ф1 шампион сè уште не може ниту да стои, ниту да оди.


Ова беше потврдено преку нивниот адвокат, Феликс Дам во судскиот случај против германскиот магазин „Бунте“, кој тврдеше дека Германецот веќе самиот оди. Дам потврди дека 47-годишниот најуспешен Ф1 возач во историјата не може да оди ниту со помош од лекарите.
Шумахер беше на одмор со сопругата Корина и децата Џина-Мари (19) и Мик (17) во Мерибел, Франција,во декември 2013 кога падна на скијање. Тој падна на главата и веднаш беше однесен во болницата во Гренобл каде што имаше две операции. Лекарите тогаш изјавија дека тој ќе го загубел животот да не носел кацига. По долгата медицински индуцирана кома од шест месеци, тој беше префрлен во домот во Швајцарија за продолжување на третманот.
Оттогаш неговото семејство строго ги контролираше информациите околу неговото здравје. Магазинот „Бунте“ тврдеше дека Шумахер е ослабен, но дека оди одвреме навреме со помош на лекарите и дека може да ја движи раката. Случајот против „Бунте“, кој треба да добие завршница следниот месец, доаѓа еден месец откако поранешниот претседател на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло изјави дека Германецот полека реагира на третманите.



Датум: 20.09.2016, 16:21
Статијата е прочитана 1178 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.05.2017
24.05.2017
24.05.2017
24.05.2017
24.05.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense