| контакт | маркетинг
АВТО-МОТО

13.11.2016

Хамилтон „мајстор“ на дождот во Бразил, Ферстапен со неверојатна трка

Светскиот шампион на Мерцедес, Луис Хамилтон остана во игра за трофејот откако го победи колегата Нико Розберг во Бразил, во трка која двапати беше прекинувана и во која блесна тинејџерот Макс Ферстапен

Луис Хамилтон не планира да се откаже од борбата за титулата. Светскиот шампион на Мерцедес триумфираше на маратонското Бразилско ГП кое двапати беше во прекин пред колегата и лидерот Нико Розберг, и неверојатниот Макс Ферстапен за финалната битка за титулата да ја закаже за Абу Даби за две недели.
Трката во Бразил беше во сенка на силниот дожд, кој придонесе трката да стартува под безбедносно возило, и двапати да биде прекинувана со црвено знаме (прво поради излетувањето на Кими Раиконен, а потоа поради лошите услови).
Сепак, Хамилтон остана смирен и пол-позицијата ја трансформираше во деветта победа оваа сезона, со што сега ќе мора да победи на финалето во Абу Даби и да се надева дека Розберг нема да биде на подиумот за да ја запечати четвртата светска титула. Инаку, ова е прва победа во кариерата на Хамилтон на Бразилското ГП.
Розберг, пак, го „преживеа“ незгодниот момент кога прво беше претекнат од Макс Ферстапен на почетокот на трката, а потоа за малку ќе излеташе, за да остане на сигурен пат до првиот трофеј.
Зад возачите на Мерцедес, несомнено прва ѕвезда беше Макс Ферстапен, откако младиот тинејџер на Ред Бул цела трка ризикуваше на дождот и во финишот успеа да ги помине речиси сите пред себе, вклучувајќи го и нервозниот Себастијан Фетел во Ферари за пласман на подиумот.

БРАЗИЛСКО ГП
1.Луис Хамилтон (Мерцедес)
2.Нико Розберг (Мерцедес)
3.Макс Ферстапен (Ред Бул)
4.Серхио Перез (Форс Индија)
5.Себастијан Фетел (Ферари)
6.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо)
7.Нико Хулкенберг (Форс Индија)
8.Даниел Рикијардо (Ред Бул)
9.Фелипе Наср (Заубер)
10.Фернандо Алонсо (Мекларен)
11.Валтери Ботас (Вилијамс)
12.Естебан Окон (Мејнор)
13.Данил Квјат (Торо Росо)
14.Кевин Магнусен (Рено)
15.Паскал Верлајн (Мејнор)
16.Џенсон Батон (Мекларен)

 



Датум: 13.11.2016, 20:25
Статијата е прочитана 1319 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2017
22.02.2017
22.02.2017
21.02.2017
21.02.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense