| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.01.2017

Треневски ги прозиваше „романтичарите“...

„Денеска само имавме состанок, од утре стартуваме со тренинзи. До 26 јануари ќе работиме во Скопје а потоа се селиме во Анталија. Засега немаме нови имиња, но секако дека ќе се засилиме“ истакна стратегот Виктор Треневски

Работнички од денеска е во „погон“. Заврши паузата за клубот од Градски парк, имено стратегот Виктор Треневски со прозивката и официјално ги стартуваше подготовките.

„Денеска само имавме состанок, од утре стартуваме и со тренинзи кои ќе бидат во сала и во сала за кревање товар. Имаме мали проблеми со замрзнатите терени но секако дека планот ќе го исполниме во целост. Во овој период до заминувањето во Анталија на 26 јануари, ќе одиграме две пријателски средби и тоа со Брегалница на 21 и Хоризонт Т на 23 јануари. Во Анталија планирани се најмалку пет теста. Засега нема нови имиња, но секако дека ќе се засилиме. Приоритет ни е шпиц, сепак знаете како е во Работнички. Прво да видиме кој ќе  си замине а потоа ќе реагираме на трансфер пазарот“ истана стратегот на „романтичарите“ Виктор Треневски.



Датум: 10.01.2017, 13:12
Статијата е прочитана 2145 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2017
21.01.2017
21.01.2017
21.01.2017
21.01.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense