| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.12.2016

Ибраковиќ: Шкендија мора прво да разговара со Капфенберг!


„Засега нема контакт со клубот од Тетово, но во фудбалот работите брзо се менуваат, па така ништо не треба да се исклучи“ вели Ервин Фукс, претседателот на Капфенберг


Она што го најави „Македонски спорт“ екслузивно пред два дена, се чини дека е на прагот да се оствари. Иако засега работите се држат во најстрога тајност, но интересно е што тренерскиот трансфер на Абдула Ибраковиќ од Капфенберг во Шкендија никој не го демантира. А тоа нешто значи.
Откако вчера медиумите во БиХ ја пренесоа информацијата на „Македонски спорт“, утринава со изјава за медиумите во Австрија се јавија и самиот Ибраковиќ и раководството на Капфенберг.
„Ако ме се сака Шкендија, тогаш ќе мора прво да разговара со Капфенберг, зошто јас сум под договор со овој клуб“ истакнува босанскиот тренер кој се поврзува со доаѓање во нашиот клуб од Тетово.
Ернст Фукс, претседателот на Капфенберг пак го изјави следното...
„Сега засега нема контакти со Шкендија, но во фудбалот работите брзо се менуваат, па така ништо не треба да се исклучи“. Интересно е тоа што и Фукс децидно не демантираше дека Ибраковиќ би можел да си оди.



Датум: 02.12.2016, 13:10
Статијата е прочитана 3610 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2017
22.02.2017
22.02.2017
21.02.2017
21.02.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense