| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.09.2017

Куп мечот меѓу Работнички и Шкендија не може на Арената

Првиот 1/8 финален меч од Купот на Македонија, закажан за 13 септември, поради зафатеност на „Телеком Арената“ ќе мора да се игра во Ѓорче или на ФФМ. Причина се тренинзите на Вардар и Зенит кои следниот ден играат во ЛЕ

Работнички и Шкендија во среда не можат да играат на „Телеком Арената“ и тоа поради нејзина зафатеност за потребите на Вардар во групната фаза од Лигата на Европа. Имено Работнички ги пречекува тетовци во првиот меч од 1/8 финалето во Купот на Македонија на 13 септември, но дента ќе имаат тренинзи и Вардар и Зенит а утредента се игра и нивниот натпревар. Па така нема теоретски шанси Работнички на „свој“ терен да ја дочека Шкендија. Значи „романтичатите“ ќе мора да го пријават за „домашен“ стадион оној во Ѓорче или на ФФМ. Кога сме кај 1/8 финалето од Купот, одложен е мечот меѓу Шкупи и Вардар.Сите останати мечеви се играат во среда со почеток од 16 часот.



Датум: 09.09.2017, 14:40
Статијата е прочитана 1634 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense