| контакт | маркетинг
ТЕНИС

06.01.2017

Ѓорческа: Време е за премиерна Гренд слем радост

„Очекувам барем да го пробијам ледот и да остварам Гренд слем победа. Нема лесен противник бидејќи во квалификациите има 80 тенисерки кои имаат подобар пласман од мојот“, изјави Ѓорческа

Почетокот на новата година за тенискиот свет значи и активности на австралискиот континент. Секако дека главниот акцент ќе биде ставен на првиот Гренд слем, Австралија Опен, кој од 16 до 29 јануари ќе ја собере елитата од „белиот“ спорт.
Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роже Федерер, Енди Мареј кај мажите, додека, Серена Вилијамс, Анџелик Кербер, Симона Халеп и Агњешка Радванска во женската конкуренција ќе атакуваат на титулите.
 Но, до главната ждрепка има време, а поинтересни за нас ќе бидат квалификациите кои започнуваат од 11 јануари, бидејќи таму ќе ја имаме Лина Ѓорческа. Нашата најдобра тенисерка која ќе се обиде да влезе во главниот дел на Австралија опен.
„Нема лесен противник бидејќи во квалификациите има 80 тенисерки коишто имаат подобар ранкинг од мене. Во Австралија ќе настапат најдобрите 215 во светот“, истакна Ѓорческа.
Задачата за влез во главниот дел нема да биде лесна бидејќи на Лина ќе ѝ бидат потребни три победи во квалификациите.
Нашата тенисерка вчера од Софија „летна“ кон Доха, од каде што ќе се упати кон Мелбурн. Патот е исцрпувачки, а нејзиното пристигнување во Австралија ќе биде вечерва околу 21 часот.

Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“.



Датум: 06.01.2017, 12:20
Статијата е прочитана 1690 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2017
22.02.2017
22.02.2017
21.02.2017
21.02.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense