| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.02.2016

Вардар со „покер“ за старт на пролетта

Вардар стигна до убедлива 4:1 победа против Ренова на стартот на пролетниот дел од 1.МФЛ, за да ја заддржи предноста од пет поени пред Шкендија, кои во Кичево рутински со 2:0 го совладаа Хоризонт Турново

Новото засилување на Вардар, Србинот Драган Ќеран постигна два гола за предноста на Вардар да не биде под закана во текот на целиот натпревар, со кој „црвено-црните“ покажаа дека сериозно одат на одбрана на титулата.
Во Кичево, Шкендија со двата гола Марјан Радески стигна до рутинска 2:0 победа над Хоризонт за да го заддржи притисокот на вардарци.
Шкупи и покрај бројните шанси со 1:0 го победи „фенерџијата“ Металург, додека во Кратово, Брегалница во последните моменти од мечот со голот на Темелков успеа да извлече 2:2 реми против Силекс.
Во саботата, Работнички го отвори 19. коло со 2:1 победа над Младост Царев Двор.

1.МФЛ, 19.КОЛО
НЕДЕЛА
ШКЕНДИЈА - ХОРИЗОНТ Т 2:0
Радески 37’, 53’
СИЛЕКС - БРЕГАЛНИЦА 2:2
Џонов 50’, Недељковиќ 84’ - Здравков 60’ (п), Темелков 90+2’
ВАРДАР - РЕНОВА 4:1
Ќеран 23’, 68’, Абдула 37’ (аг), Блажевски 77’ - Гафури 90+2’
ШКУПИ - МЕТАЛУРГ 1:0
Бајрами 39’
САБОТА
РАБОТНИЧКИ - МЛАДОСТ Ц.Д 2:1
Алтипармаковски 21’ (п), Ерера 48’ - Шаќири 73’

Табела:
1.Вардар 46, 2.Шкендија 41, 3.Работнички 27, 4.Шкупи 27, 5.Силекс 27, 6.Брегалница 20, 7.Ренова 20, 8.Хоризонт 20, 9.Младост 16, 10.Металург 13



Датум: 21.02.2016, 16:00
Статијата е прочитана 1999 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2017
22.02.2017
22.02.2017
21.02.2017
21.02.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense