| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.09.2017

Јаневски: Најголем меч во македонската историја

*“Ова е за нас историски натпревар. Посакуваме позитива, и со помош на нашата публика, Комитите, со кренати глави да го напуштиме денеска нашиот најголем стадион“ – изјави тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски на вечерашната прес конференција


За тоа што може да се очекува од утрешниот дуел со Зенит, стратегот на Вардар, Чеде Јаневски на вечерашниот прес истакна...
„Кога го гледам интересот на јавноста за овој меч ми станува уште појасно она што и онака го знам. Ова е најголемиот фудбалски натпревар во македонската историја, не само на Вардар. Знаеме кој е Зенит, тоа е екипата која е веројатно најголемиот фаворит за освојување на титулата во ова натпреварување. Преполн е со интернационалци и со играчи од Русија кои се со одличен квалитет. Ние мора да сме ангажирани и сконцентрирани во сите деведесет минути, само така можеме на крајот од мечот да го напуштиме стадионот со кренати глави„ – вели Јаневски.

Новак нема да може
„Единствен кој од планирание играчи нема да биде во можност да ни помогне е Евгениј Новак. Тој и претходно беше ровит, недоволно залечен и заедно со лекарскиот тим одлучивме тој денеска да биде само гледач„ – додаде Јаневски.


Грнчаров: На позитива, на гол повеќе
„Играме против силна екипа, која настапува стандардно во Лигата на шампионите и во 2008 година го освои УЕФА купот. Ние сме пред нов предизвик, дебитанти сме, но сакаме да оставиме добар впечаток. Играме офанзивно, победивме на сите мечеви дома во квалификацииите и сакаме и четврта победа„ – изјави капитенот на Вардар,Бобан Грнчаров.

 

 



Датум: 13.09.2017, 21:05
Статијата е прочитана 576 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense