| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.12.2016

Пандев е спасителот на Џенова (ВИДЕО)

Нашиот репрезентативец постигнувајќи два гола имаше одлична партија против Перуџа во рамките на 16. финалето од купот на Италија и со тоа го предводеше својот тим до тешка победа од 4:3, остварена дури по продолженијата

Горан Пандев со двата гола, премиерни во новата сезона, потсети на своите најдобри денови. Нашиот репрезентативец со два голови беше предводник на Џенова во победата над Перуџа од 4:3 остварена по продолженијата, во рамките на 16. финалето од Купот на Италија.
Горан се најде во стартната постава, а својот прв гол на мечот го постигна во 37. минута за водство на Џеновјаните од 2:0. Но, потоа следеше „црно“ второ полувреме на неговиот тим , кој набрзина прими два погодоци.
Мечот се одведе во продолженија, а таму повторно на сцена стапи Пандев (100’). Одлична финта и постигнат редок гол со десната нога за 3:2. Неколку моменти потоа тој беше сменет од тренерот Јуриќ.



Датум: 01.12.2016, 20:40
Статијата е прочитана 3538 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2017
21.01.2017
21.01.2017
21.01.2017
21.01.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense