| контакт | маркетинг
ТЕНИС

18.11.2016

И Џејми Мареј е број 1!

Џејми Мареј му се приклучи на својот помлад брат Енди Мареј на врвот на АТП-листата, откако беше потврдено дека Шкотланѓанецот и Бразилецот Бруно Соареш ќе ја завршат 2016 како прворангирана двојка

Ова доаѓа по поразот на француската двојка Никола Мау и Пјер-Иг Ербер, со што тие се симнуваат од тронот во двојки. Енди веќе е број 1 во сингл-рејтингот и се бори да остане на позицијата на крајот на 2016 бидејќи Новак Ѓоковиќ има шанса да го врати првото место на АТП-финалето во Лондон.
„Ситуацијата е навистина возбудлива. Навистина е чудно да се стане број 1 кога не играш, но на крајот имавме одлична година и освоивме доста големи турнири“, вели Џејми Мареј.



Датум: 18.11.2016, 20:10
Статијата е прочитана 1500 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense