| контакт | маркетинг
АВТО-МОТО

03.02.2015

Наср и Заубер најбрзи во Херез

На третиот ден на зимскиот тест во Херез, Фелипе Наср во Заубер постави најдобро време, додека нови проблеми повторно имаа Мекларен-Хонда и Ред Бул

Уште поважно за бразилскиот дебитант Наср, тој извозе 108 кругови, иако неговото време беше за 0.5 секунди поспоро од досега најбрзото време на Себастијан Фетел во Ферари во понеделникот. Патеката во Херез беше влажна на стартот на тестот, но бргу се сушеше за да дозволи акција со мазни гуми во текот на попладнето.
Втор најбрз беше Кими Раиконен, кој првпат го возеше Ферари СФ15-Т, возејќи импресивни 92 кругови. Нико Розберг беше трет и повторно имаше фантастични 151 кругови, со што германскиот возач на Мерцедес имаше вкупно 308 круга во два дена натпреварување.
Мекларен конечно имаа „продуктивно“ утро, откако Фернандо Алонсо имаше 31 круг, меѓутоа проблемите се појавија со ладењето на моторот, што предизвика долга пауза.
По два непродуктивни дена, Ред Бул повторно имаа лоша сесија, откако по само 5 круга мораа да го сменат моторот на Рено во РБ11, за Даниел Рикијардо на крајот да комплетира 48 круга.

РЕЗУЛТАТИ (ХЕРЕЗ - 3.ДЕН)
 време кругови
1.Фелипе Наср (Заубер) 1:21.545 108
2.Кими Раиконен (Ферари) 1:21.740 92
3.Нико Розберг (Мерцедес) 1:21.982 151
4.Фелипе Маса (Вилијамс) 1:22.276 71
5.Пастор Малдонадо (Лотус) 1:22.713 96
6.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо) 1:23.187 136
7.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 1:23.901 48
8.Фернандо Алонсо (Мекларен) 1:35.553 32



Датум: 03.02.2015, 17:56
Статијата е прочитана 1124 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.06.2017
23.06.2017
23.06.2017
23.06.2017
23.06.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense