| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.09.2017

Чаир го слави Шкупи, Победа до бод под Шара

Јашароски со гол во 94. минута му донесе триумф на Шкупи над Работнички, додека Шкендија и Победа одиграа 3:3

Чаир го слави Шкупи и слави по триумфот во скопската пресметка над Работнички. Домашните поведоа многу рано, со голот на Мбела, Работнички израмни преку Садики додека Јашароски со гол во 94. минута му донесе три бода на својот тим.
Победа беше многу блиску до сензација во Тетово. Водеше со 1:0 и со 3:2, но на крајот Шкендија успеа да израмни на 3:3 и сепак да се спаси од пораз. Академија Пандев реди победи, овојпат и Ренова потклекна пред разиграниците струмичани кои со голот на Балдовалиев дојде до триумф од 1:0. И во Битола Пелистер не успеа да го победи Скопје, иако битолчани важеа за глеми фаворити, имаа и силни шанси но на крајот сепак мечот заврши без голови.

РЕЗУЛТАТИ - 4. КОЛО
ШКЕНДИЈА - ПОБЕДА 3:3
ШКУПИ - РАБОТНИЧКИ 1:0
ПЕЛИСТЕР - СКОПЈЕ 0:0
А. ПАНДЕВ - РЕНОВА 1:0
ВАРДАР - СИЛЕКС 3:1

ТАБЕЛА
1. Шкендија 10 бодови, 2. Пелистер 8, 3. А. Пандев 7, 4. Вардар 6, 5. Силекс 6, 6. Шкупи 4, 7. Победа 4, 8. Работнички 2, 9. Скопје 2, 10. Ренова 2.

 



Датум: 10.09.2017, 18:04
Статијата е прочитана 3094 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense