| контакт | маркетинг
АВТО-МОТО

30.10.2016

Луис го победи Нико во Мексико, хаотичен крај зад нив

Луис Хамилтон стигна до 51. победа во својата кариера, откако доминираше од стартот до финишот на Мексиканското ГП, триумфирајќи пред својот колега Нико Розберг

Ова е осма победа оваа сезона за Хамилтон, и четврти пат едноподруго возачите на Мерцедес да бидат 1-2 на подиумот, и Англичанецот покажува дека е подготвен да се бори за својот четврти Ф1 трофеј до крајот, иако Розберг го направи тоа што му беше потребно.
Розберг сега на две трки пред крајот има предност од 19 поени, што значи дека може да има едно второ и едно трето место во Бразил и во Абу Даби и да биде шампион дури и Хамилтон да триумфира на двете трки.
Хамилтон имаше луд почеток, кога од пол-позицијата излезе надвор од патеката на првата кривина. Зад него, Розберг се судри со тркалата со Ферстапен во Ред Бул, по што и тој заврши надвор од патеката. Но, драмата се смири, и Хамилтон и Розберг имаа рутинска трка до финишот, додека зад нив беше вистински хаос.
Фетел успеа да го стигне Ферстапен во последните кругови и го нападна на првата кривина. Ферстапен излезе директно на патеката, по што и покрај тоа што од тимот му советуваа да му го врати местото на Фетел, тој остана како трет. Во исто време Фетел беше под напад на Даниел Рикијардо зад него. Поранешните колеги се судрија со тркалата во четвртата кривина и Фетел успеа да заврши пред него.  По крајот на трката, Фетел му мафташе со прстот на Ферстапен, пред да дознае дека сепак е на подиумот.

Vettel caught Verstappen in the closing laps, and attacked him at Turn 1. Verstappen ran straight on across the grass, and despite a suggestion from the team that he should give the place back, he retained P3, leading to Vettel coming under attack from the second Red Bull of Daniel Ricciardo.

МЕКСИКАНСКО ГП
1.Луис Хамилтон (Мерцедес) 1:40:31.402
2.Нико Розберг (Мерцедес) +8.354
3.Себастијан Фетел (Ферари) +17.313
4.Даниел Рикијардо (Ред Бул) +20.858
5.Макс Ферстапен (Ред Бул) +21.323
6.Кими Раиконен (Ферари) +49.376
7.Нико Хулкенберг (Форс Индија) +58.891
8.Валтери Ботас (Вилијамс) +1:05.612
9.Фелипе Маса (Вилијамс) +1:16.206
10.Серхио Перез (Форс Индија) +1:16.798
11.Маркус Ериксон (Заубер) +1 круг
12.Џенсон Батон (Мекларен) +1 круг
13.Фернандо Алонсо (Мекларен) +1 круг
14.Џолион Палмер (Рено) +1 круг
15.Фелипе Наср (Заубер) +1 круг
16.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо) +1 круг
17.Кевин Магнусен (Рено) +1 круг
18.Данил Квјат (Торо Росо) +1 круг
19.Естебан Гутиерез (Хас) +1 круг
20.Роман Грожан (Хас) +1 круг
21.Естебан Окон (Мејнор) +2 круга
НЕ ЗАВРШИ
22.Паскал Верлајн (Мејнор) +71 круга

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
ВОЗАЧИ
1.Нико Хулкенберг (Мерцедес) 349
2.Луис Хамилтон (Мерцедес) 330
3.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 239
4.Себастијан Фетел (Ферари) 192
5.Кими Раиконен (Ферари) 178
6.Макс Ферстапен (Ред Бул) 175
7.Серхио Перез (Форс Индија) 85
8.Валтери Ботас (Вилијамс) 85
9.Нико Хулкенберг (Форс Индија) 85
10.Фернандо Алонсо (Мекларен) 52
11.Фелипе Маса (Вилијамс) 51
12.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо) 38
13.Роман Грожан (Хас) 29
14.Данил Квјат (Торо Росо) 25
15.Џенсон Батон (Мекларен) 21
16.Кевин Магнусен (Рено) 7
17.Џолион Палмер (Рено) 1
18.Паскал Верлајн (Мејнор) 1
19.Штофел Фандорне (Мекларен) 1
КОНСТРУКТОРИ
1.Мерцедес АМГ 679
2.Ред Бул Рејсинг Рено 422
3.Скудерија Ферари 370
4.Форс Индија Мерцедес 145
5.Вилијамс Мерцедес 136
6.Мекларен Хонда 74
7.Скудерија Торо Росо Ферари 55
8.Хас Ф1 Ферари 29
9.Рено Ф1 8
10.Мејнор Мерцедес 1
11.Заубер Ферари 0

 



Датум: 30.10.2016, 22:11
Статијата е прочитана 896 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense