| контакт | маркетинг
АВТО-МОТО

16.02.2015

Минорни подобрувања за Шумахер

По речиси 4 месеци од скијачкиот инцидент, малку нови информации за состојбата на седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер

Вестите од Швајцарија велат дека за 46-годишниот тим се грижи тим од 15 професионалци во нивниот дом на брегот на езерото Женева, додека британскиот весник „Експрес“ тврди дека седумкратниот шампион „останува нем со мала свесност за својата околина“, и додава дека тој се уште не може да оди.
„Прогресот е болно спор. Не постои чудо на хоризонтот - вели еден „инсајдер“ за весникот.
Според овој весник, семејството на Шумахер има воспоставено целосен медиумски мрак за поранешната ѕвезда на Ферари, додека од другата страна околу неговиот дом папараците дури имаат поставено шатори во обид да го фотографираат возачот.
„Јавноста е измачувана со истата работа како и семејството - подобрувањата се спори и несигурни. Ако погледнете случаи на луѓе со сериозна повреда на главата кои имале значително подобрување, тоа доаѓа по долг процес“, вели за „Експрес“, Питер Хамлин, неврохирург и експерт за спортски повреди на главата.



Датум: 16.02.2015, 16:26
Статијата е прочитана 1553 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.08.2017
19.08.2017
19.08.2017
19.08.2017
19.08.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense