| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.09.2017

Милевски: Вечерва бевме подобра репрезентација

Селекторот Благоја Милевски има само пофални зборови за настапот на неговите избраници, и истакнува дека сме надиграле квалитетна селекција

Одличната партија на нашите репрезентативци во Ереван ни донесе три големи бода. Импресиите на селекторот Милевски не можат, а да не останат незабележани. Тој очигледно до срж ја прочитал играта на ерменците кога тие на овој меч буквално не „мрднаа“.
„Одигравме одличен меч. Момците покажаа дека имаат квалитет и потенцијал да бидат конкурентни и во овие квалификации и да се носат со сите ривали во групата. Секоја чест, заслужуваат едно големо браво“ - вели селекторот и додава.
„На овој меч имавме многу позитивни нешта. Од друга страна Ерменија одигра одлично против една Русија, но ние буквално ги надигравме во секој поглед. Покажавме дека сме подобра екипа вечерва“  - додаде селекторот Милевски.



Датум: 05.09.2017, 20:42
Статијата е прочитана 405 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense