| контакт | маркетинг
ТЕНИС

07.01.2017

Новак ја одбрани катарската круна

Новак Ѓоковиќ со тешки маки успеа да ја одбрани титулата од Катар опен, победувајќи го својот најголем ривал, светскиот број 1, Енди Мареј со 6:3/5:7/6:4

Во дуелот на двајцата најдобри тенисери во изминатата година, Ѓоковиќ имаше шанса да го заврши мечот во само два сета, откако водеше со брејк во вториот, меѓутоа Мареј покажа дека е подготвен за борба за тронот на светскиот тенис со упорна игра. На крајот, Ѓоковиќ успеа да го добие мечот за продолжување на импресивната серија во Доха.
Чешката финалистка од УС опен, Каролина Плишкова ја „збриша“ Французинката Ализе Корне со 6:0/6:3 за победа на Бризбејн интернешнл подготвителниот турнир за Австралискиот опен.
На третата носителка и беа потребни само 18 минути да го освои првиот сет, по што Корне го крена нивото на игра, но на крајот беше поразена по 66 минути игра. Со победата, Плишкова ќе ја помине Доминика Цибулкова на петтото место на ВТА-листата пред Австралискиот опен, кој стартува на 16 јануари.
Нејзината сонародничка Катерина Синијакова го крена својот прв ВТА трофеј, откако со 6:3/6:4 ја победи Американката Елисон Риски во саботното финале на Шенжен опен во Кина.
20-годишната Синијакова лани имаше одлична сезона, влегувајќи во топ 50 и губејќи во финалињата во Бастад и Токио. Оваа неела пак, таа победи две топ 10 тенисерки, Симона Халеп и Јохана Конта на патот до финалето, пред против 26-годишната Риски од почетокот да ја преземе контролата и да не и дозволи кам-бек. Риски одеше на втор ВТА-трофеј во кариерата.



Датум: 07.01.2017, 19:19
Статијата е прочитана 1588 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.05.2017
24.05.2017
24.05.2017
24.05.2017
24.05.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense