| контакт | маркетинг
ТЕНИС

21.10.2016

Надал предвреме ја заврши сезоната

Рафаел Надал беше принуден да ја заврши сезоната 2016 предвреме во обид да заздрави од повредата на зглобот на раката.

Шпанскиот освојувач на 14 гренд слем титули нема да игра на предвидените Свис Индорс во Базел, Мастерсот во Париз и АТП-финалето. 30-годишниот Надал се повлече од Ролан Гарос поради оваа повреда и не настапи на Вимблдон.
„Забрзаното заздравување пред Олимпијадата ми предизвика само болка и сега морам да сопрам. Не беше тајна дека пристигнав во Рио недоволно подготвен, но целта беше да се освои медал за Шпанија. Сега е време за одмор и за подготовки за 2017“, изјави Надал, кој во Рио освои златен медал во двојки со Марк Лопез.
Надал подолго време најавуваше дека размислува за тоа што е најдобро да направи за неговата кариера. По поразот во второто коло на Мастерсот во Шангај од Виктор Троицки, тој најави дека нема да игра до крајот на сезоната.
„Морам да го натерам мојот противник да чувствува болка. Тоа е нешто што многу ретко се случува сега. Имам два и пол месеци време да се поставам на потребното ниво“, изјави тогаш Надал.
Надал во средата, заедно со Роџер Федерер ја отвори својата нова тениска академија во родната Мајорка. И Федерер поради повреди одамна ја прекрати сезоната. Двајцата првпат испаднаа од топ 4 на машкиот тенис, првпат од 2003 година.



Датум: 21.10.2016, 14:57
Статијата е прочитана 658 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.03.2017
24.03.2017
24.03.2017
24.03.2017
24.03.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense