| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.09.2017

Чудо ја спаси Албанија во Струмица

Само 1:1 а можевме да ги наполниме, да им треснеме 4-5 парчиња.

Дадоа гол од првиот удар по нашиот гол преку Роши а израмни Трајковски од пенал. Бериша правеше чуда на голот Штета... Албанија повторно ни се „протна“! Само 1:1 во Струмица со што згаснаа нашите надежи за третото место во квалификациската група за пласман на СП. Заслуживме победа, ги надигравме, ги спаси нивниот голман Бериша.

Правеше чудо голманот на Албанија посебно во последните минути кога ние ја нападнавме победата со сите сили. Двапати го сопре Несторовски кој имаше идеални шанси, па ударите на Алиоски... Секоја чест за Бериша. Тој ги спаси од сигурен пораз во Струмица. Албанија прва поведе и тоа по за нив првиот удар по голот на Димитриевски. Садику нафрла, Роши бие со глава а топката од десниот дирек влезе во голот. Ние одговоривме со страшен налет. Каква шанса на Пандев во 70. минута!!! Хисај од самата гол линија спасува 1:1. Следеа двете бомби на Алиоски но Бериша спасува, прави паради, скока како пантер... Конечнои гол. Алекс Трајковски од пенал израмнува во 78. Минута. Чист пенал по играта со рака на домашната одбрана а по ударот на Кире Ристевски со глава. Македонија заслужи три а освои само бод. Бод, кој е прв за нас на домашен терен во овие квалификации. Штета што само на нас ни се случуваат вакви несреќи. Албанија се спаси. Тие се радуваат како мали деца на бодот од Струмица. Има и за што. Добија фудбалска лекција а не загубија.



Датум: 05.09.2017, 22:46
Статијата е прочитана 4210 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense