| контакт | маркетинг
ТЕНИС

08.02.2015

Русија сигурна, Петкович ја „крена“ Германија

Марија Шарапова ги прати Русинките во полуфиналето од Фед купот, откако ја совлада Полјачката Агњешка Радвањска со 6:1/7:5 за 3:0 водство во родниот град на противничката

Партнерките во двојки, Анастасија Пављученкова и Виталија Дјаченко потоа зголемија на 4:0 со 6:4/6:4 победата над Клаудија Јанс-Игначик и Алицја Росолска.
По победата на Шарапова над помладата сестра Урсула Радвањска во саботата и триумфот на ветеранката Светлана Кузнецова над Агњешка, Русија покажа одлична форма. Шарапова го имаше само четвртиот настап во Фед куп тимот од дебито во 2008, кој беше задолжителен ако сака да настапи на Олимпијадата во Рио следната година.
Следни за Русинките се минатогодишните финалистки Германките, кои стигнаа до полуфиналето во април со тешката 6:3/3:6/8:6 победа на Андреа Петкович над Јармила Гајдошова. Вторпат во два дена, Петкович беше носена до победата од 4-илјадната публика, откако во саботата ја победи Саманта Стосур со 12:10 во третиот сет. Овојпат Петкович губеше со 4:2 во третиот сет пред да го направи камбекот.

ФЕД КУП, СВЕТСКА ГРУПА, 1.КОЛО
Канада - Чешка Република 0:2
Италија - Франција 2:3
Полска - Русија 0:4
Германија - Австралија 3:1



Датум: 08.02.2015, 19:11
Статијата е прочитана 1079 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.06.2017
23.06.2017
23.06.2017
23.06.2017
23.06.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense