| контакт | маркетинг
ТЕНИС

21.12.2016

Федерер има најдобар стил на светот!

Роџер Федерер доби уште една титула покрај своите фантастични остварувања на тениските терени - беше прогласен за маж со најмногу стил од страна на „Џи Кју магазинот“

35-годишниот татко на четири деца и 17-кратен гренд слем шампион го победи англискиот актер Том Хилдстоун (Локи во „Авенџерс“) во борбата за „титулата“. Како и повеќе пати во неговата кариера, ривалот немаше шанси - Федерер освои над 60 отсто од гласовите на фановите.
Пред ова „финале“, Федерер помина лесно и преку остатокот од конкуренцијата победувајќи ги по ред: Зајн Малик (поранешниот член на Уан дирекшн), актерот Рајан Гослинг, актерот Стивен Јеун, раперот Кање Вест и актерот Џаред Лито.



Датум: 21.12.2016, 18:49
Статијата е прочитана 601 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.05.2017
25.05.2017
25.05.2017
25.05.2017
25.05.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense