| контакт | маркетинг
АВТО-МОТО

19.11.2016

Ферстапен не сака да го споредуваат со легендите

Макс Ферстапен вели дека се обидувал да не ги слуша споредбите со Формула 1 легендите Аиртон Сена и Михаел Шумахер по навистина импресивниот настап на Бразилското ГП

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, го опиша возењето на холандскиот тинејџер до третото место на дождот во Интерлагос како „исто“ со перформансите на Сена и Шуми, меѓутоа Ферстапен вели дека е поласкан, но дека нема да дозволи да се „занесе“.
„Многу е убаво кога луѓето ги кажуваат тие работи, меѓутоа најважното нешто е да се фокусирам на мојата работа и да останам неутрален на коментарите. Секогаш се обидувам да бидам подобар и да летам високо. Важно е во болидот да сум со двете нозе на земја и да го работам тоа“, вели Ферстапен.
Додека другите Ф1 возачи јасно ги кажуваат своите идоли од детството, како Луис Хамилтон кој признава дека растел со Сена, Макс вели дека немал Ф1 херој освен неговиот татко Јос, кој имаше кариера без ниту една Ф1 победа во 1990-тите.
„Имав многу почит кон мојот татко и тоа што го направи тој на крајот ми помогна мене, но освен него, навистина немам идоли“, вели Ферстапен.
19-годишниот Холанѓанец ќе го загуби статусот на најмлад возач во Ф1 до 18-годишниот Канаѓанец Ленс Строл, кој следната година ќе вози за Вилијамс. Тој му подели совет да не се вклучи во медиумскиот „воз“ и да не биде премногу импресиониран од вниманието кое го добива.
„Најважно е да се фокусираш на тоа што го правиш и да бидеш опуштен. Само скокни во болидот и почни да учиш. Не можеш да кажеш - веднаш треба да бидам многу брз. Ќе има многу медиумско внимание околу него, но тој треба да остане неутрален и да не биде премногу нервозен поради тоа“, завршува Ферстапен.

 



Датум: 19.11.2016, 09:35
Статијата е прочитана 484 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2017
22.02.2017
22.02.2017
21.02.2017
21.02.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense