| контакт | маркетинг
ТЕНИС

02.01.2016

Федерер и Ѓоковиќ ја започнаа 2017 со победи

Роџер Федерер имаше супер-лесен старт на 2017 со победа во два меча на Хопман купот во Перт, додека Новак Ѓоковиќ потешко од очекувањата влезе во второто коло во Доха

Федерер покажа дека одморот добро му послужил, откако со 6:3/6:4 го победи Ден Еванс во првиот меч по шест месеци пауза на Хопман купот во Перт, Австралија. 17-кратниот гренд слем шампион беше на операција на коленото во февруари, и откако го пропушти Ролан Гарос поради повреда на грбот, во јули објави дека ќе стави крај на сезоната. Тој доби овации од 13-те илјади фанови во Перт, пред да го победи Еванс и да и донесе на Швајцариај 1:0 водство во турнирот со мешани двојки.
Швајцарија стигна до 3:0 победа, откако прво Белинда Бенчич со 7:5/3:6/6:2 ја победи Хедер Вотсон, а потоа го комплетираа триумфот со 4:0/4:1 победа во двојки
Новак Ѓоковиќ ги надмина раните проблеми за да стигне до победа од 7:6(1)/6:3 над Германецот Јан-Ленард Штруф во првото коло на Катар опен во Доха. Ѓоковиќ имаше нестабилен почеток, и губеше со 4:0 откако Германецот започна фуриозно против светскиот рекет број 2. Меѓутоа, Србинот, кој го загуби првото место на АТП-листата на крајот на годината, се врати импресивно за да го освои сетот во тај-брејк.



Датум: 02.01.2017, 17:50
Статијата е прочитана 861 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.05.2017
25.05.2017
25.05.2017
25.05.2017
25.05.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense