| контакт | маркетинг
АВТО-МОТО

16.10.2016

Титула број 5 за Марк Маркез

Шпанскиот ас на Хонда, Марк Маркез стана најмладиот петкратен мотоциклистички шампион, откако победи на Јапонското ГП во Мотеги, а неговите ривали за титулата од Јамаха, Валентино Роси и Хорхе Лоренцо не ја завршија трката

За Маркез ова е трета Мото ГП титула, која ја враќа откако лани беше поразен од Хорхе Лоренцо во Јамаха, а ако се сметаат и титулите во 125сс (2010) и Мото2 (2012), ова се пет титули за 23-годишниот Шпанец.
Роси, кој се квалификуваше на пол-позицијата и покрај тоа што беше болен, падна во првите кругови додека се обидуваше да го стигне Маркез, кој го помина на стартот, ја загуби контролата на предниот дел на мотоциклот во 10-тата кривина. Лоренцо, кој имаше страшен пад на тренингот во саботата, мораше да заврши на подиумот за да го спречи крунисувањето на Маркез, и беше на добар пат со второто место, но и тој ја загуби контролата и падна на пет круга пред крајот.
Маркез потоа не направи грешка и стигна до петтата победа оваа сезона за запечатување на титулата. Зад него, во отсуство на возачите на Јамаха, втор беше Андреа Довициозо во Дукати, додека третото место го освои Маверик Вињалес откако го совлада својот колега од Сузуки, Алекс Еспархаро. Топ 5 го комплетираше Кал Крачлоу на „сателитска“ Хонда.



Датум: 16.10.2016, 08:44
Статијата е прочитана 505 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2017
22.02.2017
22.02.2017
21.02.2017
21.02.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense