| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.01.2017

Дамчевски тргна со Јагелонија

Македонскиот стопер почна да тренира со полскиот тим каде што во следните неколку дена ќе се докажува и ќе брка договор

Довчерашниот фудбалер на Атирау Александар Дамчевски, тргна со тренинзи во Јагелонија каде што ќе брка трансфер во овој тим. Дамчевски неколку дена ќе биде на проба по што ќе следува одлуката околу негов ангажман во полскиот прволигаш.

Дамчевски играше во селекцијата на Македонија во минатите квалификации, каде што забележа четири настапи. Особено ќе биде запаметен настапот за селекцијата против Украина во Лвов каде што имаше одлична партија.

До сега играше во екипите на Черноморец Бургас, НАЦ Бреда, Криенс и Луцерн. Тој е роден во Франција а прифати да игра за Македонија во 2013 година.



Датум: 10.01.2017, 10:58
Статијата е прочитана 718 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
27.02.2017
27.02.2017
27.02.2017
27.02.2017
27.02.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense