| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.01.2017

Силекс од денеска во погон

Кратовци ги „запалија“ моторите. Првите неколку дена ќе бидат загревање, а веќе од задутре се почнува со по два тренинга на ден

Екипата на Силекс ги почна подготовките за пролетната полусезона во која кратовци ќе бркаат излез во европските купови, што подразбира подобрување на позицијата на табелата за барем едно место. Првите денови од подготовките, денеска и утре на програмата се предвидени завршување на лекарските прегледи и по еден тренинг дневно, а веќе од четврток ќе се почне засилен ритам на тренинзи по најмалку двапати на ден.

МАВРОВ ОПРАВДАНО ОТСУТЕН
На првиот тренинг се појавија сите членови на играчкиот кадар, со исклучок на Митко Мавров. Како што објаснуваат од клубот, Мавров бил оправдано отсутен, а неговото доаѓање се очекува за два дена, што значи дека тој ќе се им се приклучи на своите соиграчи кога ќе почне двојната тренинг програма. На првиот тренинг се појавија и трите засилувања, кои екипата на Силекс ги договори во досегашниот тек од зимскиот преоден рок. Тоа се српските интернационалци, одбранбениот фудбалер Игор Филиповиќ и напаѓачот Јован Кастратовиќ, како и Филип Тимов, кој во Кратово дојде од Хоризонт Турново.



Датум: 09.01.2017, 17:20
Статијата е прочитана 2131 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
27.02.2017
27.02.2017
27.02.2017
27.02.2017
27.02.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense