| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.01.2017

Вардар тргна со Демири (ФОТО)

Покрај репрезентативецот, на прозивката беше и Бојан Колески, второто ново име во редовите на шампионот


Со прозивката а потоа и со првиот тренинг, шампионот тргна со подготовките за пролетниот дел од сезоната 2016/2017. Стратегот Гоце Седлоски во присуство на дел од раководството на клубот им посака успешна работа на своите фудбалери во новата година и добри подготовки, притоа ги запозна што се ги очекува до 19 февруари, до стартот на сезоната.


Секако дека во центарот на вниманието беше Бесир Демири, актуелниот репрезентативец кој во овој зимски преоден рок дојде од Шкендија. Тука беше и Бојан Колески, второто засега ново име во таборот на шампионот.



Датум: 08.01.2017, 13:52
Статијата е прочитана 3687 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
27.03.2017
27.03.2017
27.03.2017
27.03.2017
27.03.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense