| контакт | маркетинг
ТЕНИС

27.12.2016

Ивановиќ пред пензија?

Ана Ивановиќ ги „подгреа“ шпекулациите дека се откажува од тенисот бидејќи најави дека во среда ќе објави нешто „важно“

Поранешната светска тенисерка број 1 на Твитер постави интересна порака: „Мои драги фанови и поддржувачи. Појавете се утре на мојата Фејсбук страница во 18 часот по британско време, каде што во живо ќе имам нешто важно да ви соопштам“.
Шпекулациите околу иднината на Ивановиќ во спортот се присутни подолго време, посебно бидејќи Србинката не успеа да ја врати формата со која стигна до гренд слем титула на Францускиот опен во 2008. 29-годишната тенисерка имаше лоша 2016, во која стигна само до 15 победи и падна на 63. место на ВТА-листата.
Светла точка во 2016 и беше бракот со играчот на Манчестер јунајтед, Бастијан Швајнштајгер, откако претходно ја откажа сезоната во јуни, но вети дека ќе се врати во 2017. Во ноември таа поставуваше фотографии од нејзините подготовки и беше една од најпознатите тенисерки на Интернационалната тениска премиерлига (ИПТЛ).



Датум: 27.12.2016, 20:45
Статијата е прочитана 884 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.02.2017
23.02.2017
23.02.2017
23.02.2017
23.02.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense