| контакт | маркетинг
ТЕНИС

16.02.2015

Хет-трик од Мемфис за Кеи Нишикори

Првиот носител Кеи Нишикори комплетираше тројна титула од Тенеси, освојувајќи го Мемфис опен со 6:4/6:4 победа над Јужноафриканецот Кевин Андерсон

За Нишикори ова е осма АТП титула, и иронично дојде во најлесниот меч на турнирот. Тој го загуби првиот сет во претходните три меча во Мемфис, пред да се враќа за победи. Покрај тоа му требаа последователни тај-брејк сетови за да го добие маратонското полуфинале против Сем Квереј, додека Андерсон го победи за само 75 минути.
- Ова беше навистина различно од другите мечеви. Играв солидно од основната линија и враќав навистина добро - вели 25-годишниот Нишикори, кој лани стана првиот Јапонец со гренд слем финале, по поразот во УС опен од Марин Чилиќ.
Андерсон сега има порази во шест АТП финалиња од последната победа во 2012 година.



Датум: 16.02.2015, 15:14
Статијата е прочитана 857 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2017
21.01.2017
21.01.2017
21.01.2017
21.01.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense