| контакт | маркетинг
АВТО-МОТО

01.09.2016

Формула 1 останува без Маса

Возачот на Вилијамс, Фелипе Маса објави дека ќе се повлече од Формула 1 на крајот на сезоната, ставајќи крај на 15-годишна кариера во која возеше во тимовите на Заубер, Ферари и Вилијамс

35-годишниот Бразилец, кој во кариерата има 11 ГП победи, вели дека ова е вистински момент за повлекување од спортот и поледната трка оваа сезона во Абу Даби ќе биде 250. во неговата кариера во која возеше за Заубер, Ферари и Вилијамс.
„Опуштен сум и среќен. Мораш да бидеш доволно силен за да направиш одлуки кои се тешки“, изјави Маса пред Италијанското ГП во Монца.
Бразилецот е во најдобрата тркачка серија од 2002 година, кога се приклучи на Заубер покрај Ник Хајдфелд, но по проблематичната сезона, паузираше во 2003 како тест-возач на Ферари. Во 2004 година тој се врати како тркач и пред БМВ да го преземе тимот, Маса заврши во Ферари како клупски колега на седумкратниот шампион Михаел Шумахер од 2006 година.
Во 2009 година Маса го доживеа најтешкиот инцидент во кариерата, кога на квалификациите на Унгарското ГП пружина од задниот дел на болидот на неговиот сонародник Рубенс Баричело (во Браун Хонда) го удри го главата и тој доби сериозни повреди на окото и паузираше до крајот на сезоната.



Датум: 01.09.2016, 14:42
Статијата е прочитана 891 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.08.2017
19.08.2017
19.08.2017
19.08.2017
19.08.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense