| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

12.09.2017

Штерјовски е тренер на колото

Тренерот на Победа го одбележа четвртото коло во македонската лига


Тие 3:3 на гости кај Шкендија, но и таа добра игра и добро обмислена тактика, според „Македонски спорт“, го направија тренерот на Победа, Зоран Штерјовски, тренер на ова четврто коло. Прилепчани не само што ја намачија Шкендија, не само што одиграа храбро и смело туку одиграа и стриктно според советите на својот стратег Штерјовски. Битолчанецот на привремена работа во Прилеп одлично ги прочита тактиката и формацијата на Шкендија. Знаеше добро кај се слабите страни на фаворитот, знаеше што треба да сторат неговите момци за да освојат бод(ови). И така и беше, Победа во два наврати водеше, имаше победа и три бода во џеб сѐ до таа 87. минута, но Абдурахими израмни и ѝ ги украде тие два бода.
Просто зачудува како играше Благоја Гешоски, играчот кој одамна требаше да оди во пензија, како тоа кога беше најпотребно, тој просто си поигруваше со домашните играчи, кои во еден момент, и тоа во финишот на средбата, не можеа да му ја одземат топката. Штерјовски знаеше што сака, добро знаеше како да дојде до целта и дојде. Секако дека да се освои бод во Тетово, и тоа кај Шкендија, е голема работа.



Датум: 12.09.2017, 11:21
Статијата е прочитана 632 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense