| контакт | маркетинг
ТЕНИС

28.12.2016

Ивановиќ заврши со тенисот

Поранешната светска тенисерка број 1, и шампионка од Ролан Гарос, Србинката Ана Ивановиќ објави дека се повлекува од тенисот на само 29 години

„Можам да играм само доколку тоа ги исполнува моите високи стандарди. Веќе не можам да го правам тоа, така што е време да тргнам кон нешто ново. Стигнав до височини за кои не можав ниту да сонувам досега. Освоив 15 ВТА титули и играв три гренд слем финалиња. Последните години се мачев со повреди и ова беше навистина тешка одлука да се направи“, изјави Ивановиќ, која беше 12 недели на првото место на ВТА-листата.
29-годишната тенисерка имаше лоша 2016, во која стигна само до 15 победи и падна на 63. место на ВТА-листата.
Светла точка во 2016 и беше бракот со играчот на Манчестер јунајтед, Бастијан Швајнштајгер, откако претходно ја откажа сезоната во јуни, но вети дека ќе се врати во 2017.



Датум: 28.12.2016, 19:22
Статијата е прочитана 900 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2017
22.02.2017
22.02.2017
21.02.2017
21.02.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense