| контакт | маркетинг
АВТО-МОТО

15.02.2015

Ожие со „подарена“ шведска победа

Светскиот шампион Себастиен Ожие стигна до победа на возбудливото Шведско рели, откако неговиот колега од Фолксваген, Андреас Микелсен пропушти шанса за деби победа во последната етапа

Микелсен пред последната етапа имаше предност од 3 секунди пред Ожие, кој имаше одличен камбек откако загуби речиси 40 секунди од Норвежанецот уште во петокот.
Меѓутоа, Микелсен во средината на завршната Вармулсасен етапа удри во снегот и ја загуби шансата за првата победа, додека Ожие стигна до победа и до дополнителни три поени со победата на етапата.
Тјери Нојвил во Хјундаи беше лидер во утринскиот дел од релито по двете етапни победи во саботата попладне, но беше поминат од Микелсен на 19. етапа, и од Ожие на 20. етапа, не успевајќи да го издржи темпото на Фолскваген. Сепак, Белгиецот успеа да го претекне Микелсен во последната етапа за второ место.
Четврти беше От Танак (М-Спорт Форд), пред Хајден Педон во второто Хјундаи, по што следуваа Елфин Еванс (М-Спорт), Крис Мик (Ситроен), Мартин Прокоп и Јуриј Протасов.



Датум: 15.02.2015, 14:44
Статијата е прочитана 1027 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense