| контакт | маркетинг
ТЕНИС

05.11.2016

Енди Мареј е новиот број 1!

Британецот Енди Мареј ќе биде новиот светски тенисер број 1 првпат во кариерата, откако Милош Раонич се повлече од нивното полуфинале во Париз

На 29-годишниот Британец му беше потребно само да стигне до финалето на Мастерсот во Париз откако актуелниот број 1, Новак Ѓоковиќ загуби од Марин Чилиќ во петочното четврт-финале, меѓутоа Канаѓанецот Раонич се повлече на половина час пред стартот на нивниот меч поради повреда.
Мареј е првиот британски број 1 од почетокот на компјутерскиот рејтинг-систем на АТП во 1973 година. Тој во финалето во Париз ќе игра со Американецот Џон Изнер, кој со 6:4/6:3 беше подобар од Чилиќ.



Датум: 05.11.2016, 15:59
Статијата е прочитана 936 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.08.2017
20.08.2017
20.08.2017
20.08.2017
20.08.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense