| контакт | маркетинг
МИКС

12.10.2017

„Спартанците“ во група со Украина, Унгарија и Швајцарија

Ждрепка за квалификациите за Европското првенство 2019 година

Македонската одбојкарска репрезентација е во група со Украина, Унгарија и Швајцарија во квалификациите за Европското првенство 2019 година. Украина е тимот што ја порази Македонија во финалето на Европската лига минатото лето.
Квалификациите ќе започнат во август 2018, а ќе завршат во јануари 2019 година. Вкупно има седум квалификациски групи од кои две се со по три селекции, а останатите со по четири. Од овие квалификациски групи ќе се изберат 12 учесника за ЕП 2019. Ќе се пласираат победниците од секоја група и уште пет најдобри второпласирани тима од седумте групи. Првенството ќе се одржи во Франција, Словенија, Белгија и Холандија. Квалификациите се играат по принципот дома - гости. Започнуваат на 15 август, а завршуваат на 9 јануари.

 
Распоред, група Ф
15.08.2018
Македонија - Унгарија
Украина - Швајцарија

18-19.08.2018
Македонија - Украина
Швајцарија - Унгарија
22.08.2018
Македонија - Швајцарија
Украина - Унгарија

25-26.08.2018
Швајцарија - Македонија
Унгарија - Украина

5-6.01.2019
Украина - Македонија
Унгарија - Швајцарија
09.01.2019
Македонија - Унгарија
Швајцарија - Украина



Датум: 12.10.2017, 16:36
Статијата е прочитана 548 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense