| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.09.2017

Гачевски: Испишавме историја, сега на дело да докажеме дека ништо не е случајно

Вчера мал јубилеј во дресот на Вардар имаше и нашиот голман Филип Гачевски. Тој го одигра својот 50-ти официјален натпревар на „црвено-црните“

Гачевски на својот мал јубилеј успеа да одбрани пенал, што на некој начин е нешто најдобро што може да му се случи на еден голман, а во текот на натпреварот имаше неколку добри одбрани. „Натпреварот со Силекс беше како еден вид загревање за она што следува во четврток и натпреварот против Зенит. Победивме, и тоа е најважно. После 3:0 дојде до мало опуштање. Примивме гол, и потоа беше досуден пенал за Силекс. На моја среќа тргнав на вистинската страна и успеав да одбранам. Среќен сум што ова се случи на мојот 50-ти настап во дресот на Вардар. Посакувам да имам уште многу настапи и многу одбрани“, рече Гачевски.
Од денеска Вардарци почнуваат да се подготвуваат за натпреварот од Лигата на Европа против Зенит кој што се игра во четврток во Скопје.
„Сега се фокусираме на натпреварот со Зенит. Од денеска веќе мислиме на тој натпревар. Запишавме историја со пласманот во групната фаза, и сега е време да покажеме дека досегашнтие резултати до сега не се случајни. На домашен терен ги победивме сите, и сакаме да продолжиме во ист стил“, вели Гачевски.



Датум: 10.09.2017, 13:55
Статијата е прочитана 612 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense