| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.09.2017

Си газиме кај што ќе стигнеме!!!

Македонија У21 и новиот квалификациски циклус го започна со победа. Херот е Тихомир Костадинов кој постигна хет – трик во победата над Ерменија на гостински терен од 0:3

Нема за нас очигледно стара генерација нова генерација. Си газиме со младата репрезентација каде сакаме и кога сакаме. Ако со старата генерација стигнавме до европското првенство каде ли ќе стигнеме со новата ако се земе в предвид првиот меч од новите квалификации. Ја победивме Ерменија предмалку на нејзин терен со високи, убедливи 0:3, и тоа со хет – трикот на Тихомир Костадинов. Маестрална партија на целата наша репрезентација предводена од селекторот Благоја Милевски, во која доминиравме во текот на сите деведесет минути. Уште од самиот старт, од осмата минута поведовме и во ниту еден момент не дозволивме триумфот да ни биде доведен во прашање. Грешките на потивникот беа, наивни, глупави почетнички но само затоа што ние одигравме деведесет минутен пресинг со непрестано трчање и залагање на секоја педа од теренот. Двојното водство на полувреме не не опушти напротив, и во второто полувреме продолживме во исто темпо. Домаќинот еднаш се закани и тоа на средината од вотрото полувреме со удар од дваесетина метри и тоа беше се. Момци секоја чест.


 



Датум: 05.09.2017, 18:50
Статијата е прочитана 1222 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense