| контакт | маркетинг
АВТО-МОТО

04.02.2015

Раиконен за супер-брза недела на Ферари

Асот на Ферари, Кими Раиконен постави најдобро време на последниот ден од првиот тест од пред-сезоната во Херез.

Раиконен со меки гуми на сува патека постави најдобро време на четирите дена тестирање, подобрувајќи го времето на колегата Себастијан Фетел за една десетинка. Ферари исто така комплетираа повеќе од 100 круга првпат оваа недела, во која од четири дена во три беа најбрзи, а четвртиот беше најбрз Фелипе Наср во Заубер, со мотори на Ферари.
Поранешните шампиони Мекларен и Ред Бул повторно имаа проблеми со малку кругови. Мекларен комплетираа вкупно 79 кругови во четирите дена тестирање со новиот мотор на Хонда, и Џенсон Батон проседе во бокс во текот на попладневниот тест.
Ред Бул со Данил Квјат повторно не возеше во текот на попладнето, но тимот може да се пофали со само 164 круга. Само Мекларен имаат помалку кругови
Мерцедес затоа имаа 117 кругови со Луис Хамилтон, и во текот на цела недела комплетираа неверојатни 517 кругови. Хамилтон имаше трето најдобро време, кое беше за 1.331 секунди поспоро од тоа на Раиконен.



Датум: 04.02.2015, 17:30
Статијата е прочитана 1226 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
27.02.2017
27.02.2017
27.02.2017
27.02.2017
27.02.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense