ИСТАКНУВА ПОРАНЕШНИОТ ШАМПИОН НА „ВИМБЛДОН“

Наредните пет Грен слема ги освојува Ѓоковиќ!

Ричард Крајичек тврди дека Рафаел Надал и Роџер Федерер ги чека долг „пост"...

објавено: 21 јули 2018 - 13:00

Поранешниот шампион на „Вимблдон" вели дека наредните пет Грен слем турнири ќе ги освои Новак Ѓоковиќ.

Неодамна Ѓоковиќ дојде до трофејот на „Вимблдон" после победата во големото финале против Кевин Андерсон од Јужна Африка.

„Мислам дека Ѓоковиќ може да ги освои наредните пет Грен слема. Нему само му недостасуваа мечеви за да дојде до вистинската форма. Тој е прв фаворит и за титулата на „УС Опен". Само да триумфираа уште на неколку дуели и верувам дека повторно ќе биде непобедлив", рече Крајичек.

Крајичек е голем фан на српскиот тенисер и веќе долг период смета дека Ноле е најдобриот на сите времиња. Тој е убеден дека може да ги достигне 20. Грен слема на Федерер.

Најново во Автомобили