Оваа година 70% од етапите ќе бидат во духот на релито

Релито „Дакар“ се враќа низ пустини и песочни дини

Годинава на „Дакар“ ќе се возат 3000 километри во периодот од 6 до 17 јануари. Главна цел е да се стигне на целта.

објавено: 31 декември 2018 - 10:30

Главната теренска трка на планетата во 2019 година ќе се одржи во Перу. И покрај фактот дека целиот пат е поставен на територијата на една земја, "Дакар", според организаторите, нема да биде лесна трка.

Од 6 јануари до 17 јануари, учесниците на рели-маратонот ќе мора да ги надминат десетте специјални етапи со вкупна должина од 3.000 "борбени" километри, а целото растојание на трката ќе биде 5.500 километри. Во 2019 година, духот на африканскиот "Дакар" во јужноамериканските пејзажи ќе се врати!

Земајќи ги во предвид желбите на учесниците кои се пожалија дека по преселувањето во Јужна Америка, трката се претвори во аналогија на класично рели, во 2019 година 70% од етапите ќе бидат во песок низ пустини и дини. Значи, во преден план повторно ќе биде способноста правилно да се движите и правилно да се изгради тактика за трката.

Како и секогаш, така и оваа година во „Дакар“ ќе имаме и многу интересни возачи кои го пријавија својот настап. Еден од нив ќе биде и 64-годишниот дебитант на релито, кинескиот автомобилист Јусиан Лиен, кој  својот сон за настап на „Дакар“ го направи реалност. Откако ја изградил својата фабрика за производство на светилки, поранешниот работник во фабрика за облека, решил да се повлече. Прво, станал бодибилдер, потоа се вклучи во параглајдерство, а на крајот реши да вози рели. Оваа година ќе се проба токму на најтешкото - „Дакар“.

Најново во Авто-мото