ОВАА ГОДИНА ВО ЦЕЛОСТ ЌЕ СЕ ВОЗИ ВО ПЕРУ

Ал-Атијах и Бареда победници на првата етапа на релито „Дакар“! (ВИДЕО)

Оваа година „Дакар" во целост ќе се вози во Перу, а според најавите натпреварувањето би требало да заврши на 17. јануари.

објавено: 8 јануари 2019 - 11:10

Катарецот Насер Ал-Атијах (Тојота) во конкуренцијата кај автомобилите и Шпанецот Жоан Бареда (Хонда) се победници на првите етапи на новото рели издание „Дакар" возено од Лима до Писко во должина од 331 километар од кои 84 км беа брзински испит.

Втората етапа ќе се вози од Писко до Сан Хуан Де Маркона во должина од 554. километри.

РЕЗУЛТАТИ, АВТОМОБИЛИ:

1.Насер Ал-Атијах/Метју Баумел (Кат/Фра/Тојота) 1:01.41
2.Карлос Саинз/Лукас Круз (Шпа/Шпа/Мини) +1.59
3.Јакуб Пжигонски/Том Колсул (Пол/Бел/Мини) +2.00
4.Владимир Васиљев/Константив Жилцов (Рус/Рус/Тојота) +2.18
5.Јазед Ал Рајхи/Тимо Гетшалк (САР/Гер/Мини) +2.40
6.Гиниел Де Вилиерс/Дирк Вон Зицевиц (ЈАР/Гер/Тојота) +2.40
--

РЕЗУЛТАТИ, МОТОЦИКЛИ:

1.Жоан Бареда (Шпа/Хонда) 57:36)
2.Пабло Квинтаниља (Чиле/Хускварна) +1.34
3.Рики Брабец (САД/Хонда) +2.52
4.Адриен Ван Беверен (Фра/Јамаха) +2.55
5.Сем Сандерленд (ВБ/Ктм) +2.56
6.Тоби Прајс (Авс/Ктм) +3.08
--

Најново во Авто-мото