ВО ПРО КАТЕГОРИЈАТА

Порше со двојна победа во Ле Ман на 24-часовниот маратон

Порше уште еднаш направи историја и ги освои двете класи на ГТЕ на најтешката и најдолга трка во светот.

објавено: 20 јуни 2018 - 17:00

Во про категоријата, „Porsche 911 RSR" со стартен број 92, го заврши 86-тото издание на Ле Ман 24 часа на првото место по изминати 344 круга. Возачкото трио Кевин Естре (Франција), Лоренс Вантхор (Белгија) и Михаел Кристенсен (Данска) беа на водечката позиција речиси за целото времетраење на 13.626 километри долгата тркачка патека. Ова беше победа број 106 за Порше.

Сестринското возило (# 91) кое го пилотираа Рихард Лиц (Австрија), Фредерик Маковицки (Франција) и Џанмарија Брун (Италија) совршено ја заокружи двојната победа за Порше во класата ГТЕ-Про. Французинот Маковицки посебно се истакна, борејќи се во епскиот дуел и цел еден час и половина, ги одбиваше сите напади за да се избори за второ место. Со овие два триумфи на 24-часовниот маратон во Франција, Порше го продолжи своето водство во класификацијата на возачите и производителите на Светското првенство на FIA WEC.

Порше управуван од Демпси-Протон Рејсинг, ја прослави импресивната победа во класата GTE-Am. Покажувајќи инспиративно возење, младите Порше професионалци Мет Кембел (Австралија), Кристиан Рид (Германија) и Порше јуниорот Јулиен Ондлоер Andlauer (Франција) ја освоија 107-тата победа во оваа класа за Порше. На само 18 годишна возраст, Ондлоер стана најмладиот победник во GTE-Am класата на Ле Манс.

„Апсолутно совршен викенд за Порше. Не можеш да посакаш повеќе од ова во годината кога ја прославуваме нашата годишнина. Невозможно е да се планира вакво нешто, но кога ќе се случи, тоа чувство не може да се опише. Им честитам на сите возачи, на тимовите и на вработените кои го направија овој успех возможен. Сето тоа ме прави навистина горд", изјави Др Волфганг Порше, Претседател на Надзорниот одбор.

Најново во Авто-мото