МОТО ГП, КВАЛИФИКАЦИИ ВО ЧЕШКА

Пол позиција за Довициозо во Брно, Роси пред Маркес

Возачот на Дукати ќе стартува прв на неделната трка, вкупно деветта оваа сезона во шампионатот

објавено: 4 август 2018 - 15:20

Андреа Довициозо ја освои пол позицијата пред Големата награда на Чешка на патеката што се одржува во Брно.

Италијанецот стигна до првото место во квалификациите пред ветеранот Валентино Роси кој во последниот круг ја презеде втората позиција на Марк Маркес.

Довициозо беше најбрз во квалификации за прв пат уште од Малезија во 2016. година. Роси заостанува 46 поени зад Шпанецот во генералниот пласман, па утре се очекува жестока борба за тронот.

Од вториот стартен ред ќе тргнат Лоренцо, Крачлоу и Петручи, следуваат Зарко, Јаноне, Ринс и Дани Педроса. ГН Чешка се вози в недела од 14:00 часот.

Најново во Авто-мото