Ф1, ИАКО СТАРТУВАШЕ ОД 14. ПОЗИЦИЈА

ОД ОЧАЈ ДО СЈАЈ: Хамилтон најдобар во германскиот хаос!

На патеката во Хокенхајм се возеше Големата награда на Германија, десетта трка оваа сезона во Формула 1 шампионатот.

објавено: 22 јули 2018 - 17:00

Пол-позицијата ја имаше Себастојан Фетел со имаше најбрзиот круг во квалификациите од една минута и 11,212 секунди.

Актуелниот светски шампион Луис Хамилтон од Мерцедес поради оштетување на хидрауликата стартуваше дури од 14. позиција, но на крајот го направи „невозможното“ и дојде до триумф, вкупно четврти во Хокенхајм (1:32.29.845) и воедно дојде до првото место во генералниот пласман.

Не поминаа три круга на стартот Британецот веќе престигна тројца возачи, а потоа и Леклерк и во тој момент нешто повеќе од 17 секунди заостануваше зад првопласираниот пилот од Германија.
Продолжи одличното возење на Хамилтон кој во 15. круг дојде веќе до петтата позиција и стигна на некои 17 секунди зад Ферстапен, поради што Ферари веднаш реагираше.

Во 29. круг Ботас после заминувањето во „боксот", излегува на патеката како петтопласиран, седум секунди зад Хамилтон, додека Даниел Рикардо ја заврши трката откако му откажа болидот.

Фетел се жалеше на својот „бокс" поради пневматиците. Гасли направи грешка која не го чинеше поголем инцидент, после 35. круга и понатаму водечки беше Раиконен, следен од Фетел.
Во 45. круг започна да врне дожд во кривината шест, но не беше покриена целата патека, Алонсо и Леклер веќе се одлучија за гуми за дожд.

Во 52. круг клучен момент, од патеката излета Фетел, но Мерцедес очајно реагираше, не беше спремен за промена на гумите, па Раиконен сега беше прв. Во „пит-стоп" отидоа Раиконен и Ботас, и Хамилтон ја презеде првата позиција.

На седум круга до крајот фантастично возење на двајцата водечки возачи, Ботас го напаѓаше клупскиот колега Хамилтон, а зад нив беа Раиконен, Ферстапен и Хилкенберг.

До крајот секоја дилема се решаваше, неверојатниот Хамилтон ги израдува своите навивачи до победа со над четири секунди пред Ботас.

ТАБЕЛА (ВОЗАЧИ):

1.Луис Хамилтон (Мерцедес) 188 бодови
2.Себастојан Фетел (Ферари) 171
3.Кими Раиконен (Ферари) 131
--

(КОНСТРУКТОРИ):

1.МЕРЦЕДЕС 310 БОДОВИ
2.ФЕРАРИ 302
3.РЕД БУЛ 211
--

Според календарот, пред едномесечната пауза во шампионатот, наредната трка е следната недела за ГН Унгарија, на Хунгароринг.

Најново во Авто-мото