ИМА НАПРЕДОК, НО ТОА НЕ МУ Е ДОВОЛНО НА „ДОКТОРОТ"

РОСИ: И понатаму не сум доволно брз...

Деветкратниот светски шампион, Валентино Роси рече дека нешто му недостасува да се бори за титулата и покрај освоеното трето место на ГП за Големата награда на Италија по кое напредуваше на второто место во генералниот пласман.

објавено: 4 јуни 2018 - 21:30

Возачот на Јамаха стартуваше од пол-позицијата на патеката Мугело, но низ целта помина зад двоецот на Дукати, Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо.
А со оглед на тоа дека Марк Маркес излета од патеката, а по враќањето не успеа да стигна до позиции кои носат бодови, Роси сега е втор, со 23. поени заостанување зад лидерот.
Меѓутоа после трката, искусниот Италијанец рече дека проблемите кои ги има Јамаха за време на трката во споредбите со оние на Хонда и на Дукати се многу поголеми, значи дека нема доволна брзина за да конкурира за таа толку посакувана десетта титула во кариерата.

„За да се бориме за титулата, мораме да бидеме побрзи. Кога ќе го погледнеме пореодкот, 23 бода не се многу, дефинитивно. Тимот и јас даваме максимум, но во овој момент не сме доволно брзи за да се бориме за титулата" – рече Роси.

„Да, напредувавме во однос на балансот на моторот, тоа можеме да го користиме во квалификациите и првите кругови. Искрено, ова беше добар викенд. Не очекував пол-позиција, се надевав на подиум, но не знаев дека можам да дојдам до него. Во споредба со Хонда и со Дукати, како трката одминува, имаме се повеќе проблеми. Мораме да работиме на тоа, а мене проблемите се јасни, а Јамаха мора да ги отстрани".

Наредната трка за Мото ГП шампионатот ќе се вози на 17.јуни, за Големата наград ана Каталонија.

 

Најново во Авто-мото